Сите што кажувате приватно Македонија без северна сте националисти што го делат народот

АКЦИЈА
loading...

Политологот од Кавадарци Ненад Јовановиќ тврди дека сите што ќе го користат зборот Македонија без да го кажат целото име Република С. Македонија провоцираат и се дел од националистичките и десничарски структури кои свесно ја делат земјата.

Тој му благодари на Заев што е паметен и што го сменил името.

“Името на мојата земја е Република Северна Македонија. Со тоа име ќе влеземе во НАТО, со тоа име ќе преговараме за влез во Европа. Тоа име докажува дека мојата земја комшиите ќе ги гледа како сујзници, а не како непријатели. Во јавна комуникација, името на мојата земја официјално и формално-правно е променето.

Може да се пенавите следниве 100 години, ама тоа нема да промени ништо. Јас ја прифаќам реалноста, го прифаќам договорот од Преспа како нужност и политичка реалност. Тоа не е реалност на Заев, тоа политичка реалност на генерациите кои треба да се родат и кои треба да живеат во мир. Го прифатив новото име заради мојот син, заради неговата генерација и заради генерациите кои доаѓаат.

Ако пак адресирате дека името Република Северна Македонија е само за надвор, а вие тука, овде, дома ќе си го викате јавно и приватно како ќе ви се ќефне, тогаш вие провоцирате намерно, продолжувате да делите народ и граѓани, јасно се одредувате дека сте дел од националистите и десничарите кои ја опљачкаа и растурија оваа земја баш заради тоа име и заради таа тема.

И со мене, не сакам да разговарате. Оти тоа што го претставувате, за тоа што се залагате, не сум јас. Темата за името на мојата земја ја растури оваа земја од 90-тите до денес. И во тие свинштини јас нема да учествувам.

Му благодарам на Зоран Заев што е паметен и што го препозна контекстот. Му благодарам што беше и е поголем визионер од сите досегашни влади во оваа земја. Му благодарам што повеќе името како тема нема да биде параван за злосторство, пљачка и поделби меѓу луѓето”, пишува Јовановиќ кој бара ако некој .

сака да го урне Заев, да си најде друга тема затоа што “досадната приказна со името не е повеќе тема во мојата земја. И баста!”.

loading...