Џејмс Бонд од Муртино

АКЦИЈА
loading...

Англичаните си го имаат Џејмс Бонд, агентот 007 со licence to k*ll.

Ние, ете, си го имаме Трајче Заев, агентот 000 со licence to follow.

Разликата е во тоа што Џејмс Бонд е on Her Majesty‘s Secret Service, а Трајче е on Ours Majesty payroll!

Трајче Заев е ликот што го следел во својот Бентли лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски низ Унгарија. Ова е прв пример во историјата на целата планета, некој да биде следен со Бентли. Дури и Џејмс Бинд тоа не си го дозволувал!!! Навистина, Трајче си има и Мајбах, ама ова со Бентливо му е врх.

Те го Бентлито Муртинско.

И, те го Џејмс Бонд од Муртино.

Каква држава, таков и Џејмс Бонд.

Или, секој народ си има таков Џејмс Бонд каков што си заслужува.

Дудинка од Будимпешта,

loading...