Рангелова поднесе оставка и веднаш почна да ја плука партијата

АКЦИЈА

Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Рангелова доаѓа по вчерашната на координаторот на пратеничката група на партијата, Драган Данев, но и по низата исклучувања и оставки во ВМРО-ДПМНЕ.

Рангелова во објавата на нејзината оставка пишува дека не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во изолација.

„И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам УЖ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ – напиша Рангелова на Фејсбук објавувајќи ја оставката.

The post Рангелова поднесе оставка и веднаш почна да ја плука партијата appeared first on Јавно.мк.

loading...