Русјаков: Северноцрпнати, фајронт!

АКЦИЈА

Ако Македонија не беше држава со октроирана квинслишка влада, по завчерашната постреферендумска прес конференција, Зоран Заев ќе беше политички мртовец. Коментирајќи ја излезноста на референдумот тој избриша 65% од граѓаните на Република Македонија. Мртов ладен прогласи за непостоечки две третини од народот. Истото го направи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се важат само тие што гласале, ни порача. Ние другите за нив не постоиме. Не сме народ, ма воопшто не сме ни луѓе. Ако не ви е јасно за што зборуваат Заев и Димитров, ќе ви објаснам. Преставниците на нелегитимната, октроирана и велепредавничка власт воведоа апартхејд. Како во Јужна Африка, апартхејд. Кога белците и црнците се возеа во различни автобуси, купуваа во различни продавници. Иако овие отидоа и чекор подалеку. Не само што го поделија народот, туку одлучија дека оние што не играат по нивни ноти, да не ги третираат за живи. Симболично кажано, одлучија да извршат референдумски геноцид врз оние кои го искористија своето уставно, законско и демократско право да бојкотираат нелегитимен, криминален и безумен референдум. Што и не е така чудно за октроираниве марионети. Нивната единствена цел, откако беа насилно поставени на власт, е да извршат идентитетски геноцид врз македонскиот народ.

Како само смешно изгледаа онака истопорени пред камери на неколку минути пред полноќ, прогласувајќи победа на референдумот. Победа на една третина северноцрпнати над две третини македонски народ кој бојкотираше укинување на Република Македонија. Каква само безумна ароганција. Таму кајшто завршува здравиот разум започнува однесувањето на СДСМ. Фалеше само уште Шилегов да се онсесвести од преголема количина ал… алтроизам.

Во меѓувреме, хистеричната интелектуална бижутерија сосема фрикна. Ненаучени да прифатат пораз, северноцрпнатите арогантни елитисти, децата на црвената буржоазија и лажната авангарда која недостатокот креативност го надополнува со фрустрирачка деструктивност, започнаа со она што најдобро го знаат. Неможејќи да прифатат дека македонскиот народ им рече, „Северноцрпнати, фајронт!“, започнаа да блуат хистерија, навреди и омраза. Кулминацијата на нивното беснило ја најдов во крајно глупиот Фејсбук коментар, „Добредојдовте во 19 век“. Демек, тоа што ние не се откажавме од име и идентитет, за они да влезат во ЕУ и НАСА некаде накај 2030 година, сме ги вратиле век и половина назад. Во 19 век живееле и твореле Достоевски и Марк Твен, а ние мораме да ја толерираме безумноста на овие нереализирани луѓе и за сметка на нивната неоствареност ја добиваме хистеричната омраза, како ние да сме им виновни за потпросечноста.

Македонскиот народ на рефрендум го отфрли безумниот договор со Грција за ликвидација на Македонија и идентитет. Тоа што ЕУ, НАТО И американската амбасада се курчат од позиција на изопачена моќ, па демек честитаат успешен рефрендум, баш и ќе видиме. Оти една дилема расчистивме. Македонија била окупирана, парчена, силувана, тероризирана, укинувана, па еве ја. Нашиот страв беше дека сега, како самостојна држава, сами ќе се укинеме. Што и беше целта на изопачената моќ. Но, две третини од македонскиот народ кажа фајронт на референдумот. Секое насилство сега од дома и надвор, ќе биде чиста окупација, а во окупација, сè е дозволено.

loading...