Русија ја следи ситуацијата во Македонија, портпаролот на Путин ги соопшти нивните очекувања

АКЦИЈА
loading...

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите“, рече Песков во изјава за медиумите во Москва, пренесува ТАСС.

Телма

loading...