Питер Ванхауте ја повикува владата да не дава оставка

АКЦИЈА

Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте на ФБ им честиташе на граѓаните кои гласаа на референдумот. Тој и порачува на Владата да не дава оставка и, како што вели, една изгубена битка не значи дека се е изгубено.

„Ја повикувам Владата да не дава оставка, туку да продолжи со својата работа, тоа е вашата должност! Не губете време и пари на предвремени избори повторно, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата држава“, порачува тој.

Тој додава дека е возможно прифатливо решение за проблемот со името, базирано на договорот со Грција.

Ванхауте изразува и жалење што од 2016 година не се направени сериозни напори за детален преглед на избирачкиот список и преиспитување на начинот како да се справи државата со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.

Фокус.мк

loading...