Кривична пријава за Струмичанец – му се заканувал на Заев на Фејсбук

АКЦИЈА

МКД.мк

Струмичанец преку Фејсбук профилот на корисничкото име „Андон Ќосето” му се заканувал на премиерот на РМ, Зоран Заев, информира МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика против Д.П. (33) од струмичкото село Мокрино поднесе кривична пријава загрозување на сигурноста.

Според полицијата, осомничениот преку профилот со корисничко име „Андон Ќосето“ на Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Македонија и неговото семејство.

loading...