Грчкото МНР: Малата излезност се должи на екстремни и агресивни форми на национализам и иредентизам

АКЦИЈА

Инфомакс

Грчкото министерство за надворешни работи излезе со соопштение за јавносто за референдумот одржан во нашата замја. За нив својствен начин, тие повторно обивинија за иредентизам како оправдание за ниската излезеност.

Грција внимателно следи случувањата во пријателската земја поранешната југословенска Република Македонија и останува посветена на Преспанскиот договор.

Резултатот од референдумот во поранешна југословенска Република Македонија, иако тоа е консултативен референдум и не е дел од обврзувачките клаузули од Преспанскиот договор, е контрадикторен: Силно доминантно “Да” во поглед на оние кои излегоа и голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа договорот. Сепак, позначителен дел од граѓаните на северниот сосед му пристапи со скептицизам. Грција ќе го почитува изборот на граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија.

Министерството за надворешни работи на Грција, генерално верува дека климата на национализмот и сомнежот, секојдневните лажни вести и неконтролираниот фанатизам, за жал, не дозволуваат трезвена проценка на големите придобивки од Договорот, а истовремено го попречуваат меѓусебното разбирање на народите и развојот на нивната соработка, кои се од суштинско значење.

Екстремни и агресивни форми на национализам во нашиот регион, неодговорно однесување за она што се однесува на иднината на регионот, фаќајќи се во иредентистички стереотипи – кога историјата треба да биде школо, а не затвор – не дава позитивни изгледи за регионот во целина.

Потребата од правична соработка сè повеќе се чувствува во регионот, како и потребата за надвладување на културата на демократскиот дијалог, како и за култура на разбирање и компромиси. Приговорите за Преспанскиот договор се покажаа како невистинити и неточни.

Следните чекори напред бараат трезвеност од сите страни, без исклучок, за зачувување на позитивниот моментум и атмосфера од Преспанскиот договор.

loading...