„Оди прашај си го Заев каде да гласаш, гласај на гробишта“

АКЦИЈА

Набљудувачите на ЦИВИЛ (307) се распоредија низ целата земја и го набљудуваа почетокот на референдумското изјаснување во Република Македонија.

Покрај неколку други нерегуларности, набљудувачите на „Цивил“  од општина Бутел лично сведочеле на едно крајно неумесно однесување на акредитиран набљудувач од одредена невладина организација. Според извештајот, се работи за ситуација во која еден повозрасен гласач љубезно прашал каде се наоѓа одредено избирачко место. Одговорот на набљудувачот бил „Оди прашај си го Заев каде е тоа… Гласај на гробишта…“, а потоа уследиле непристојни зборови. ЦИВИЛ располага со детални податоци за бројот на избирачкото место и за името на набљудувачот. ЦИВИЛ апелира до сите набљудувачи да бидат пристојни и строго да се придржуваат кон Кодексот за набљудување и кон Изборниот законик.

Либертас

loading...