Не само што нема да поднесам оставка, туку ќе ја донесам Македонија до ЕУ и НАТО

АКЦИЈА

Премиерот на Македонија Зоран Заев вечерва одржа уште една прес конференција. Запрашан дали ќе стои на зборот дека ќе си поднесе оставка доколку овој референдум не биде успешен, тој одговори.

„Денеска имавме успешен процес на рефеденрум. Ако мнозиството од гласачите беа против, тогаш ќе си поднесев оставка. Но кога имаме мнозиство од 90% кои донесоа позитивна одлука, не само што немам намера да поднесам оставка, туку ќе продолжам да ја донесам Македонија до членството во ЕУ и НАТО.“, рече Заев.

Заев го прогласи овој референдум за успешен и истакна дека сега процесот се сели во Собранието. Доколку не биде обезбедено двотретинско мнозиство, тогаш ќе се оди на избори.

„Не знам колку пратеници ќе гласаат, но требаат 80 пратеници. Златно време доаѓа за Македонија. Изборите не би требало да бидат најпосакувана опција, но се една од опциите. Порачувам да ги оставиме личните суети настрана, знаејќи дека подобар договор од овој нема да имаме. Ако имаме 2/3 мнозиство, тогаш ќе почнеме веднаш со постапката, ако немаме, тогаш веднаш ќе распишеме избори“, вели Заев.

loading...