Медиумите ширум светот за слабата излезност на референдумот

АКЦИЈА

Медиумите во светот: Низок одѕив на Референдумот во Македонија, премиерот Заев најави или гласање во Собрание или избори

Локалните и светските медиуми внимателно го следеа денешниот референдумски ден во Македонија. Вечерва тие пишуваат дека останува неизвесно што ќе биде со Договорот од Преспа по слабиот одѕив на референдумот.

Медиумите го цитираат премиерот Зоран Заев дека или Собранието со двотретинско мнозинство ќе го поддржи Договорот или ќе се оди на предвремени избори.

„Си-ен-ен“ пишува дека референдумот имал ниска излезеност по кампањата со дезинформации, додека руски „Спутник“ наведува дека 90 отсто од гласачите се за промена на името на земјата.

loading...