Билјана Ванковска: Заев треба да си поднесе оставка

АКЦИЈА

Во гостување во Отворено студио на Алфа ТВ професорката Билјана Ванковска, рече дека премиерот Зоран Заев, по ваков резултат на референдумот треба да си поднесе оставка.

Според професорката симптоматично е тоа што во последните два часа во некои општини, каде поголемиот број на граѓани се етнички Албанци, излесноста енормно се зголеми.

Ванковска вели дека тоа е симптоматично и токму во тие два часа се случил огромен пресврт, но истакна дека за овие информации засега нема официјални докази, но затоа тука се набљудувачите кои треба да кажат како се одвивало гласањето на овие места.

Професорката вели дека останува отворено прашањето како ќе си ја добијат правдата оние гласачи чие право било прекршено. За инцидентите кои се случија во текот на денешниот ден,ца се регистистирани од МВР, Ванковска вели дека не се во голем број, но тоа може да се должи и на огромниот број на гласачи кои го бојкотираа денешниот референдум, и дека останува да видиме колку инциденти навистина се случиле.

За тоа дека засега според последните информации не е баш голема излезноста на етичките Албанци, Ванковска вели дека и самите тие се разочарани бидејќи албанскиот гласач е разочаран од сегашната политичка состојба во која се наоѓа Македонија.

Ванковска вели дека останува отворено да видиме како членстовото на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата ќе го толкуваат референдумот, бидејки како што вели, ова е порака и за нив.

Ванковска истакна дека оваа игра што се случува е голема.

„Да бидеме начисто, ова не е игра на локалните актери, јас не верувам дека овој договор е напишан независно меѓу двете страни на договорот, односно меѓу Македонија и Грција. Овде имаме голем ментор, кум и ова е нивно чедо. Кај нас е прегазено владеењето на правото, прекршен е Уставот , а и Венецијанската комисија на која се повикуваа само кога им одговара, сето ова води кон една поголема игра и народот ја почувствува играта и затоа голем дел не излегоа на референдумот“ – вели професорката Билјана Ванковска.

Таа дополни дека веднаш штом се потпишал и обелоденил Преспанскиот договор, таа контактирала неколку професори мегу кои и еден американски професор по меѓународно право, кој истакнал дека доколу Американците решат нешто да спроведат, тие тоа ќе го направат, сакале ние или не.

Професорката исто така рече дека Македонија е далеку од демократска држава во последно време .

loading...