И проф. Ванковска се огласи за случката во Мелбурн

АКЦИЈА
loading...

Ми испратија линк до ФБ група под име Предавници/Traitors, веројатно од Австралија. Грдо и недолично, особено вулгарниот речник и фотографиите кои се споделуваат. Немојте со такви средства! Ќе ни успее бојкотот на мирен, спокоен, цивилизиран, домаќински начин….

Оставете да се види дека НАМ ни се заканува и тоа ДРЖАВНАТА ВЛАСТ, и тоа веќе со месеци! Немојте од тие што гласаат да правиме маченици! Овие кои сега скокнале да им ги бранат бирачките права и дигнитетот, а не рекоа ни збор за заканите од Оливер Спасовски, Камбовски и слични, не заслужуваат ни да се коментараат. Како да коментираш луѓе кои имаат двојни стандарди? И кои не гледаат дека силуваат цела нација, кршат меѓународно и национално право, кодекс на Венецијанска комисија? Тие веројатно и во 2004 година не видоа дека НАМ кои тогаш гласавме, наспроти притисоците од власта да апстинираме, ни се закануваа.

Тие згодно и селективно гледаат и слушаат.

Но, навистина сакам кристално чиста и морална победа на отпорот! Ние не сме нација на насилници, а бојкотот е само средство за самоодбрана. Пуштете ги слободно сите што сакаат да се посрамотат себе си – ним ќе им судат семејствата и децата. И историјата. Доволно им е!

loading...