По референдумот се крчка нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

АКЦИЈА
loading...

Големи промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат веднаш по референдумот, бидејќи од неодамна во партијата се формираше една многу силна формација сочинета од реформаторите и од пратениците, која е цврсто решена да направи сериозни чекори со цел да се спаси партијата од целосен распад, откриваат високи извори од партијата.

По завршувањето на референдумот, дел од раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе организира вонреден партиски конгрес, на кој ќе биде побарана оставка од лидерот Христијан Мицкоски и ќе биде избран неговиот наследник.

Оваа информација ја дознаваме од високи извори во опозицијата кои откриваат дека во партијата веќе се формирала „алијанса“ помеѓу реформаторите и пратениците, чија цел е да се направат итни промени во функционирањето на раководството, оти како што предупредуваат, со ваквото работење може лесно да се случи партијата целосно да пропадне во политичкиот амбис од кој повеќе нема враќање.

Извор: Слободен печат

loading...