Која била причината за престрелката на Рузвелтова?

АКЦИЈА

Нерасчистени должничко-доверителски односи и меѓусебни закани меѓу довчерашни ортаци во нелегални бизниси се можна причина за класичната ликвидација изминатата ноќ во центарот на Скопје, сметаат запознаени извори, пренесува Нетпрес.

Првата жртва што почина во синоќешната гангсетрска бркотница со автомобили престрелка на „Рузвелтова“ е Наим Ајети, кој е брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој беше, исто така, ликвидиран изрешетан во својата чајџилница во населбата Ченто пред пет години.

Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство се дел од кривичните дела за кои се гонел. Ајети бил дел во скопското подземје, познат и како нарко бос и човек кој се занимавал со лихварство. .

Според соговорниците сега убиениот Наим Ајети го наследил својот брат на чело на криминална група, којашто се нарекувала „Беланоча“ и продолжил со криминалите за кои претходно бил гонет и осомничен неговиот брат.

Постојат мислења дека станува збор за нарачана ликвидација на Наим Ајети, од негов поранешен ортак во „бизнисот“ кој му должел 75.000 евра, кои сега убиениот ги барал со закани по животот на должникот, на што исто така му било возвраќано со смртни закани.

Од она што го кажуваат очевидци, па и според известувањето на министерството за внатрешни работи, може да се каже од начинот на кој е изведена ликвидацијата на Ајети дека станува збор за нарачана ликвидација.

loading...