Слониците Дуња и Даела пристигнаа во својот нов дом во Скопје

АКЦИЈА
loading...

Зоолошка градина Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови. Двете слоници Дуња и Даела синоќа пристигнаа во Зоолошката градина.

Двете слончиња јавноста ќе може да ги види во саботата, кога се спрема и хепенинг за добредојде.

-На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје – информираа од Зоолошката градина.

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.

loading...