Молитви кои православните христијани често ги кажуваат

АКЦИЈА
loading...

Слава ти Боже наш Слава ти

Царе Небесен, Утешителу, Дух на Вистината кој си на секаде и се исполнуваш, ризница на добрините, Животодавче, дојди, вселисе во нас, очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи, душите наши.

Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, Помилуј не. (3)

Пресвета Троице помилуј не, Господи очисти ги гревовите наши, Владико прости ги беззаконијата наши, Свети, посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј (3)
Слава на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови, Амин.

Отче наш Кој си на небесата, да се свети Името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници, и не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот. Зашто Твое е царството и силата и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови, Амин. Господи, помилуј.(12)
Слава на Отца и Сина и Св Дух, сега, секогаш, и во сите векови, Амин.

Пријдете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог.
Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред Христа, Царот и нашиот Бог.
Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог.

Богородице дева, радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души.

Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и мајка на нашиот Бог, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нетлено Бога Словото што го роди, вистинска Богородице, тебе те величаме.

Тебе Војвотке која се бориш за нас, победоносна, ние твоите слуги откако се избавивме од зло, ти принесуваме победна и благодарна песна Богородице. Бидејќи имаш сила непобедлива, ослободи не од секакви опасности за да ти пееме, радувај се невесто неневесна.

Тивка Светлина на светата Слава од бесмртниот Отец, небесниот светиот и блажениот Исус Христос, одкако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, му пееме на Отецот, Синот и Светиот Дух, Бог. Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од гласовите на светите, Сине Божји кој живот даваш, затоа светот те слави.

Вратите на милосрдието отвори ни ги Благословена Богородице ние кои се надеваме во тебе да не погинеме но да се избавиме преку тебе од беди зашто ти си спасение на Христијанскиот род.

Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме и на животворната Троица трисвета песна и пееме, сега секоја животна грижа да оставиме, за да го примиме Царот на сите кого Ангелските чинови невидливо го внесуваат во Слава.

Светлеј се, светлеј се, нов Јерусалиме, зашто славата Господова на тебе блесна. Ликувај сега и веселисе Сион, а ти чиста, весели се Богородице за воскресението на твојот Род. О Пасха, голема и најсветла, Христе. О Мудрост и Слово Божјо и Сила. Дај ни вечно да се причестуваме со Тебе во незалезниот ден на Твоето царство.

Раѓањето Твое Христе Боже наш, го озари светот со светлината на вистината. Оние кои на ѕвездите им служеа од ѕвездата научени беа, Тебе да Ти се поклонуваат Кој си Сонце на правдата, и да те познаваат Тебе, Извор од висините, Господи, слава Ти.

Спаси не Сине Божји кој воскресна од мртвите. Единородни Сине и Слово Божјо, ти си бесмртен, и си изволил заради нашето спасение да се воплотиш од Света Богородица и секогаш дева Марија, неизменливо си се вочовечил, се распна Христе Боже и со смрт смртта ја уништи. Еден си од Света Троица, сопрославуван со Отецот и Светиот Дух, спаси не.

Пријдете да се поклониме и да паднеме пред Христа. Спаси не Сине Божји, кој си прекрасен во Светиите, кој воскресна од мртвите, нас кои ти пееме Алилуја.

Тебе ти пееме, Тебе те благословуваме, тебе ти благодариме Господи, и ти се молиме Боже наш.

Видовме вистинска светлина, го примивме духот небесен, најдовме вера вистинска, на неразделната Троица и се поклонуваме, зашто Таа не спаси нас.

Да се исполнат нашите усти со пофалба кон тебе Господи за да ја пееме твојата слава, зашто не удостои да се причестиме со Твоите свети, боженствени, бесмртни и животворни тајни. Сочувај не во Твојата светиња, цел ден да се поучуваме во твојата правда, Алилуја.

Достојно и праведно е да ти пееме да те благословуваме, да те фалиме, тебе да ти благодариме, да ти се поклонуваме на секое место од твоето владеење, зашто ти си Бог неискажлив несфатлив невидлив недофатлив. Секогаш Си ист, Ти и единородниот Син и Светиот Дух. Ти од небитие во битие не воведе и кога отпаднавме пак не подигна и направи се, додека на небото не воведе, и твоето идно царство ни го даде.

Мојата душа го велича Господ и мојот дух се зарадува во Бог Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката твоја, и ете од сега ќе ме ублажуваат сите родови. Зашто силниот ми направи големи дела, свето е Неговото Име и милоста Негова е од колено на колено за оние кои се бојат од него. Он покажа сила со раката негова. Ги распрсна оние кои се гордеат со мислите во срцата нивни. Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените, гладните ги исполни со добра а богатите ги отпушти празни, го прифати Израилот својот слуга, сеќавајќи се на милоста која им ја вети на нашите Отци, Авраам и на семејството негово довека.

† Молитви за различни прилики

† Благодарствена Молитва Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величаме како наш Господ, Владика и Добротвор, и коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам Милосрден Господи како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Твоите раби, така и понатака сподоби не да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој не да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, благиот и животворен Твој Дух Бог прославуван во едно суштество, секогаш да зборуваме за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин! Ние, Твоите недостојни слуги, Господи, откако незаслужно примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величаме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу, Боже наш во век и веков! Амин! Татко семоќен и предвечен Боже од кого доаѓа секоја дар и секое благо, ти благодарам за сите твои дарови коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен твој слуга и усрдно ти се молам: како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава ти оддаваме Тебе, на Отца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин.

† Молитва за мир во домот Боже на љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти Господи, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај не со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не раздели. Ти се опростувааш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отца и Сина и Светиот Дух.

† Вечерна молитва Вечен Бог и Цар на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господи, избави ме од лоши помисли што ме осквернуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

† Мојсеј: Стани Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што те мразат

† Благослов за народот на Арон и Свештениците Да те благослови Бог и да те чува, да погледа милозливо кон тебе
Господ со Светлото свое лице на тебе и да те помилува. Да го Сврти Господ лицето свое и да ти даде мир

* Во Тага – Кон Св Наум Светител Отче наш Наум, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со твоите молитви. Ти се молам за слугата божји кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев или грев на неговите родители, или грев на роднините свој и ако поради грев го снајде оваа болест, ти посредувај, о Ангелоподобен Светител пред престолот на Господа, кој те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако оваа болест е со Божја дозвола според светиот збор Божји: кого Господ го љуби, него и го кара, го бие секој син кого го прима, тогаш ти умилно моли го семилостивиот и сежалостивиот Бог да се смилува на овој слуга свој и да не допушти надчовечки страдања, зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта божја што ни дава сила. Светител наш Наум, слушни не брзо и исцели го слугата Божји со твоите свети молитви, за да не речат неверниците каде е неговиот Бог. О Свети и Преподобни Очте Науме, покажи ја силата што ти е дадена од семоќниот Бог Господ и на овој слуга како што си ја покажувал и до сега на безброј болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитви доаѓаат на твојот чесен гроб. Исцели ја и оздрави ја душата и телото, изгони го и исфрли го пакосникот на човечките тела, засили го неговото тело со здравје и сила за да има во што да се подвизува и кае неговата душа и да се подготвува за царството небесно. Тргни ја од него предвемената смрт, за да му угодува на Бог со добри дела и да најде милост пред Бог на страшниот суд Божји. Помоли се о преславен Наум чудотворец за својот слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со Св Дух од секоја нечистотија со твоите свети молитви, Отче Науме, за и тој да ја прослави Света Троица која те прославила, Отца и Сина и Св ….

† Молитва кон Пресвета Богородица Пресвета Дево, мајко на Севишниот Господ, семилостива заштитнице и покровителка на сите кои со вера ти приоѓаат. Погледни на мене од висините на твојата небесна Слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси му ја на твојот сакан Син. О преблагословена Богородице, ти си скоропослушница на сите и радост на напатените. Послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалости и излекувај ги моите духовни и телесни болести. На тебе после Бога ја полагам сета моја надеж, биди ми закрилница и силна застапница пред твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во него. Утврди ме во неговата Љубов и научиме да те сакам и да та прославувам, Пресвета Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под твојот Свет Покров пречиста Богородице закрилувај ме, Амин. Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на твојот Син и наш Бог, за преку тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецотто, засолниште Синот, а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, Слава ти. Целата моја надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, заштити ме под твојот покров. Владико многумилослив, Господи Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небески сили, на чесниот, славен пророк, Претеча и Крстител Јован, на Светите Славни и Добропобедни Маченици, на Преподобните и Богоносни Отци наши, на Светите Праведни Богоотци Јоаким и Ана и на сите Светии, направи ја благопријатна нашата Молитва, дарувајни прошка на нашите прегрешенија, одстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господи, помилувај не нас и твојот свет, и спаси ги нашите души зашто си благ и човекољубив.

† Молитва за благослов на домот Семилостив Боже, благослови го нашиот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај не од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски напади и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, што се осквернавува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и безгрижност кон Твојот свет закон, внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта. Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и силна вера, нашите души да се приближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти, Господи, кај нас и да живееш во нашиот дом, да царуваш во него, во нашите души и срца, да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи не од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Засили не кога сме слаби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страданија и солзи се полесни, поподносливи. Исцели ги нашите болки и душевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Господи, не оставај не никогаш сами, за да не дојде кај нас непријателот на нашето спасение и да не погуби. Амин

* Во Тага – Кон Небесниот Отец Татко наш небесен, предобар Боже, послушај ја мојата молитва што ти ја принесувам со солзи. Дај му на болниот здравје и сила. Ти знаеш колку многу страдам, колку ми е натажено срцето. Не оставај ме, Боже, помилуј ме преблаг небесен Татко, со твојата нежна рака и влеј радост во моето срце. Секогаш ќе ти бидам благодарен, ќе ти се молам и ќе ја исполнувам твојата света волја. Амин. Владико, Седржителу, ти си лекар на нашите души и тела, зашто во тебе е животот и ти го даруваш според твојата неискажлива благодат. Погледни од височината на твоето пресветло живеалиште, послушај ја мојата смирена молитва и смилувај се на болниот кој многу страда и се измачува од болест. Ти ги гледаш неговите страдања, а ја гледаш и мојата тага. Смилувај се и излекувај го со твојата силна десница и дарувај му здравје. Утеши не и нас кои со љубов и голема тага ти се молиме. биди милостив, зарадувај не со твојата добрина, излекувај го, а ние ќе те прославуваме во сите денови на нашиот живот, Амин.
Владико Седржител, Свет Цар, кој накажуваш но не умртвуваш, им даваш сила на тие кои паѓаат ниско, ги изведуваш пропаднатите и ги исправуваш телесните невољи на луѓето. Ти се молам Боже наш, посети го со твојата милост твојот слуга кои што боледува и прости му ги сите намерни и ненамерни гревови. О, Господи испрати ја од небото својата исцелителна сила, допри се до неговото тело и угасни го огинот, сопри го страданието и секоја болест што се крие во него и биди лекар на твојот слуга, подигни го од постелата и исправи го цел од леглото на злостраданието и подари му го на твојата Света Црква да ти благоугодува и да ја исполнува твојата Света Воља, зашто во твоја власт е да милуваш и спасуваш Боже наш, и затоа те прославуваме Тебе, Отца и Сина и Светиот Дух, сега:

† Пред вечера ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови Амин

† По вечерата Господи, ти не развесели со твоите созданија. Се радуваме на делата од твоите раце. Господи, се покажа светлината на твоето лице и на нас. Ти го развесели моето срце повеќе од колку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто ти си со мене, Господи, моја единствена надеж.

† Пред ручек Господи Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твој светии. Амин.

† По ручекот Ти благодариме, Христе, Боже наш, што не насити со твоите земни блага. Не лишувај не од твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу твоите ученици, давајќи им го твојот мир, така дојди и кај нас и спаси не

† При патување Господи, Исусе Христе, Боже наш, кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на Вистината и да не воведеш во царството на твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата силна и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на твојата Љубов да стасам таму каде што сум намислил. Ти се молам, преблаг Господи, да ми го испратиш твојот Ангел чувар. Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Одстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да те прославувам тебе, мојот Спасител и Бог, Амин.

† Молитва пред почеток на секоја работа Господи Исусе Христе, Сине Единороден на безпочетниот твој Отец, ти си рекол со твојата пречиста уста: без мене не можете да направите ништо. Господи мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отца, Сина и Светиот Дух, Амин

† По завршувањето на секоја работа Христе мој, ти си исполнување на сите мој желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме зошто си многу милостив

† За своите родители Колку сум радосен Господи, кога се обрнувам кон тебе и те молам за моите родители. Тие постојано се грижат за мене. Се трудат и со голема Љубов настојуваат да ме сочуваат од несреќа, болест и од секое зло. Тие секогаш имаат желба да ми биде добро и сакаат да бидам здрав, да станам добар и умен човек. Награди ги, Господи, со твојот Благослов, за сите добрини и за нивната Љубов кон мене. Дај им здравје и успех, чувај ги од несреќа, помагај им преку целиот живот да бидат среќни. Не лишувај ги од твојата помош и секогаш биди над нив. Помагај ми и мене да ги сакам, да им бидам послушен, да ги извршвуам нивните добри совети, со ништо да не ги огорчувам и да им бидам утеха и радост. Ова ќе биде за нив најсаканата награда за сите нивни грижи, неспокојства и труд околу мене. Ти се молам од се срце, дај им ја оваа награда. Послушај ја, Господи, мојата искрена молитва и исполниго нашиот дом со радост, зашто од тебе чекаме секое добро и тебе те прославуваме како наш Небесен Отец, Амин. Боже мој, примиги сите мој пријатели во твојата верна и љубезна заштита. Чувај ги верни, чесни и чисти, зацврсти ги во својата Љубов. Дај им сила, совесност и истрајност во доброто, прими не сите нас во небесните живеалишта и во твоето срце, Амин

† При влегување во Храм Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по твојата голема милост ќе влезам во домот твој и ке се поклонам пред тебе со страв во твојот свет Храм. Господи, води ме кон твојата правда, направи го мојот пат пред тебе прав заради моите непријатели, та без пречки да те прославувам тебе, единствено Божество – Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови, Амин

† Пред учење Милостив Боже, ти си вечната премудрост и изворот на Духовната Светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на твојот Свет Дух, за да се просвети мојот ум и моето срце и да биде одстранета од мене секаква духовна мрзливост. Со твојата благодатна помош полесно ке го усвојувам полезното знаење, ке го разбирам учењето, ке бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека мојата душа биде секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да те познавам тебе – Вистинската Мудрост и добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој, Амин

† Симбол на верата ** Никејско – Константинополски †
Заради нашето спасение, овој симбол треба да се научи, да се знае и да се сочува непроменет, во сите векови.

Верувам, во единиот Бог Отец Седржител. Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо.
И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден, Кој е роден од Отца пред сите векови:
Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, нестворен, единосуштен на Отца, преку Кого се станало :
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек:
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и пострада и беше погребен
И воскресна во третиот ден според Писмото: И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца
И пак ке дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Царството Негово не ќе има крај.
И во Светиот Дух, Господ Кој живот твори, и Кој излегува од Отца
И на Кого Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отца и Сина, и Кој говорел преку пророците.
Во една света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите. И животот на идниот век. Амин.

loading...