Со диплома, но без искуство. Младите сметаат дека ќе заработуваат околу 30.000 денари

АКЦИЈА
loading...

Откако ќе стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство малдите на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 30.000 денари.

Некои од нив се додека не почнат активно да бараат работа и да одат на интервјуа, имаат нереални очекувања за висината на платата. Велат дека според стандардот во Македонија, плата колку просечната ќе биде доволна за еден млад човек.

„Јас сум студент на Економски факултет во Скопје. По завршување на факултетот се здобивам со титула дипломиран економист со кој ми се отвараат врати кон успешно вработување во тој сектор. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари. Како што веќе споменав во зависност од работното место“ – вели Ангелина.Б. студент.

Девојка која студира веб дизјан вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници, но праксата е потребна.

„Не треба да биде платата помалку од 30 илјади денари. Секој почетник колку и да учел не може да има многу знаење се додека тоа не го примени во пракса, но некако кај нас работодавеците ја немаат таа практика. Во странство, е повеќе платена“ – вели таа.

-Сметам дека малдите треба да бидат свесни за тоа каде живеат и колкава плата може да земаат. Не ми е јасно како може млад човек со 0 денови работно искуство да очекува 500 евра плата? Претеруваат па дали знаете колку изнесува просечната плата на една шивачка во текстилната индустрија? На касиерки кои во паузите мора да бидат и чистачки и редачи на роба? Секој денар треба да се цени, малдите треба да сфатат дека до 500 евра плата да се стигне треба да се потрудат, вели Цветанка.

-Мојот син заврши Машински факултет, работеше во неколку фрми.На последното работно место работеше хонорарно, му се отвори можност да замине кај својот другар во Германија.Во моментов работи во маркет, и чека подобра прилика за да си најде работа од својата струка, вели, Василка.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за 200 или 300евра, магистар е, за џабе ли учеше, треба да се цени и дипломата, вели Сања од Радишани.

Според податоците на Заводот за статистика за невработеноста кај младите се загрижувачки.

Невработеноста е по најголема кај младите од од 15 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Токму оваа група е најприсутна по кафулињата. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

Невработеноста кај младите во Македонија е речиси двојно повисока од останатите и таа достига околу 40%. Од друга страна пак и неактивноста кај младите лица е значително повисока. Поголема невработеност има кај лица со завршено средно образование, споредено со лица со завршено високо образование.

loading...