Брз и евтин ручек – Ќофтиња од компири

АКЦИЈА

Доволни ви се само компири за да подготвите вкусен ручек

Потребни состојки:

1 килограм компири
200 грама кашкавал
2 главици кромид
4 јајца
прстофат мирудија
прстофат пипер
брашно за валање
масло за пржење

Начин на подготовка:

Излупете го компирот, исечете го и сварете го. Исцедете го и ставете го во посебен сад. На варениот компир додајте му кашкавал, рендан кромид, едно јајце, прстофат мирудија и пипер, сето тоа убаво измешајте го и изгмечете го компирот со виљушка.

Во посебна чинија ставете го брашното, а во друга изматете ги останатите јајца. Подмачкајте го тавчето со масло. Гледајте маслото целосно да го покрие дното, бидејќи додека компирот се пржи ќе ја впие маста.

Издвојте парчиња од смесата и формирајте ќофтиња, валајте ги прво во брашно, па во јајца. Пржете ги додека не заруменат. Можете да ги послужите со доматен сос, топено сирење или свежа салата. Добар апетит!

loading...