Авион ја промаши пистата и слета во вода

АКЦИЈА

Авион на компанијата Air Niugini ја промаши пистата во текот на слетување и заврши во вода. Несреќата се случи во раните утрнски часови, кога авионот удрил во брегот покрај писта на островот Чак во Микронезија.

Boeing 737 со 47 патници и членови на екипажот удрил во просторот што ја опкружува пистата, за среќа никој не е сериозно повреден. Er Niugini е национална авиокомпанија на Папуа Нова Гвинеја.

„Не знаеме точно што се случило и како авионот ја промашил пистата, луѓето беа спасени со бродови, сите 36 патници и 11 членови на екипажот се спасени, единствено авионот потона“, изјави Џими Емилио, главен менаџер на аеродромот Чак во Микронезија.

На социјалните мрежи се објавени видеа и фотографии од кои се гледа спасувачката мисија.

loading...