Стапчиња со путер и сирење (РЕЦЕПТ)

АКЦИЈА

Состојки:

20гр свеж кавасец

500гр брашно

250мл млеко

50мл масло

1 лажиче сол

1/2 лажиче шеќер

фил за премачкување

200-250гр дробено сирење

70гр путер, растопен

За премачкување -1 јаце , семки од сусам, лен…

Подготовка:

Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира. Потоа во садот ги додаваме солта, маслото и постепено од брашното. Замесуваме мазно не лепливо тесто.
Го покриваме нека одмори 15 минути.

Потоа од цело тесто сучиме голема правоаголна кора. Во еден сад го растопуваме путерот на оган и го додаваме дробеното сирење. Со овој фил, со половина количина ја премачкуваме кората.

Повторно сипувам пола од остатокот и ја премачкуваме со филот. Преклопуваме уште еднаш. Сега повторно сучиме голема танка, правоаголна кора, од која сечиме танки ленти, долги по 10 цм, а широки по 1-1,5 цм. Со раце виткаме како спирали и ги редиме во плех.

Одозгора ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме семки по сопствен вкус.
Печеме околу 15 минути во загреана рерна.

loading...