Рашковски: “Немоќниот мажјак” – љубоморен поранешен сопруг кој се фатил за новото презиме, а не ја гледа новата убавина.

АКЦИЈА
loading...

ФБ статус на Драги Рашковски

“Немоќниот мажјак” – дел од опозицијата

“Нагонот за бојкотирање” кој владее кај дел од опозицијата (велам дел, затоа што голем дел излегоа од партиската матрица во овој значаен момент) е многу нормален. Тој потекнува од човековата себичност – “да му умре на комшијата козата” (да пропадне иднината на Македонија, иако таа е и моја).

Тоа е синдромот на “немоќниот мажјак” кој со години ја држи под присила својата партнерка, заборавајки дека ако ја милуваш таа ќе е поубава и посреќна.
Синдромот на “немоќниот мажјак” го тера да беснее кога гледа дека девојката која порано била со него се разубавува во љубовта на другиот. Не може да поднесе дека таа е многу посреќна без него.

Синдромот на “немоќен мажјак” го тера да ја посакува нејзината несреќа повеќе од својата среќа.
На тоа наликува кај нас “немоќниот мажјак”. На љубоморен поранешен сопруг кој се фатил за новото презиме, а не ја гледа новата убавина.

“Вистинскиот мажјак” ја сака својата партнерка. Сака да ја гледа насмеанај.
А за името… добива само ново презиме кое отсликува која и чива е. Но, таа сега слободно може да зборува на свој јазик и слободно може да каже од каде е.

А за името … јас мојата сопруга и не се сеќавам кога сум ја викнал по име…. си ја викам Буби

loading...