ИВАНОВ ОД ОН: Единствената вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

АКЦИЈА
loading...

Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк упати порака до македонските граѓани дека гласањето на референдумот е право, а не обврска.

„Во овие неколку часа пред референдумскиот молк сакам да упатам порака до сограѓаните – гласањето на референдум е ваше право, а не обврска. Никој не може да биде повикуван на одговорност за гласање, односно негласање на референдумот“, рече Иванов.

То додаде дека секој граѓани има право сам да одлучи дали да излезе да гласа или да бојкотира.

Според него, овој референдум може да донесе состојба на потчитеност на Македонија под друга држава. „Не само што се менува името на државата туку се формира нова држава со ново име. Ќе бидеме држава само по име, а не по суштина“, рече Иванов.

Македонскиот претседател рече дека како граѓанин ја донел својатаодлука дека нема да излезе да гласа на 30 септември и рече дека се надева дека и македонските граѓани ќе донесат, како што рече, мудра одлука.

Според него, поради грчките блокади ни се одзема правото на просперитет. „Ги повикувам сите држави кои ја признале Република Македонија под уставно име да не ги менуваат своите одлуки. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување“, порача Иванов.

Според него, многумина ќе го осудат неговиот говор пред ГС на Обединетите нации.

„Можеби додека зборувам се пишуваат изјави кои ќе го осудат мојот говор. Но вистината ослободува. Единствената вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија“, заклучи Иванов.

Во живо од обраќањето на Ѓорѓе Иванов во ОН

Во живо од обраќањето на Ѓорѓе Иванов во ОН

Публикувахте от infomax.mk в Четвъртък, 27 септември 2018 г.

loading...