ЕУ и НАТО: „Повелете, влезете”. Ние:„Не, благодарам, само гледаме”. Колумна на Петар Арсовски за Дојче Веле

АКЦИЈА
loading...

Дојче Веле

Прочитав пред некој ден генијален твит кој ја сублимира нашава иронија совршено. Македонец пред портите на ЕУ и НАТО. Тие: „Повелете, влезете”. Ние:„Не, благодарам, само гледаме”. Колумна на Петар Арсовски

Фасциниран сум. Не прекинува да ме изненадува нашиот неограничен капацитет и најфер и наједноставните работи да ги комплицираме до бесвест, и притоа да ги обезвредниме со сопствениот инает. Ова особено е важно за овој референдум, зашто влогот е толку висок. Нашето општество во основа се соочува со еден едноставен избор: ќе го прифатиме ли договорот со Грција за да влеземе во НАТО и ЕУ, или не? Релативно просто, нели? Од една страна, евроатлантскиот пат и неговата цена, од друга страна, откажувањето од тој пат и таа цена. Релативно познато, нели? Од една страна придобивките на ЕУ и НАТО сосе компромисот од договорот во Преспа, од друга страна можните алтернативи и закани. Релативно веродостојно, исто така. Безбројните претставници од меѓународната заедница кои веќе мантраат: „вие треба да одлучите, ние ве каниме”. На крајот, дури и банално – во основа ние имаме избор, кој мораме да го направиме, и потоа да живееме со таа одлука. Значи, дури и ако го одбиеме, барем ферски да бидеме подготвени на цената која ќе ја платиме за тој избор. Конечно, едноставно: да или не?

„Е, не ти кажувам!“
Е, ние, на јасно, недвосмислено, едноставно, и конечно, просто, прашање, што направивме? Нашиот одговор не е резолутно „да, влегуваме”, не е дури ни машко „не, благодарам”, со подготвеност за последиците, напротив, на најферскиот избор во светот, ние велиме: „е, не ти кажувам”! Како последни тавтабити – не покажуваме капацитет да се надминеме поддржувајќи го квантниов скок напред, ниту пак барем да покажуваме трошка достоинство во неговото одбивање, не, ние не се изјаснуваме, ќе молчиме, ќе бојкотираме. Од најлошиот сој. Како оние на забава, кога ќе ве прашаат: сакате да танцувате, или не? Ако танцувате, точно, може ќе се сопнете, ама може и да ја сретнете девојката на вашиот живот. Ако не танцувате, нема ризик, но нема ни добивка. Овие, на таа забава, нема да одговорат на прашањето, не, тие ќе се сокријат зад звучниците и ќе ја исклучат струјата за на сите да им ја расипат забавата. Овие, кога некој во зорт пред тоалет ќе ги праша „ќе влегувате или не ”, велат „ич да не ти е гајле”. Овие, кога на компјутерот ќе им појави прозорче „да го снимам фајлот или да го избришам”, кликнуваат на „Cancel”. Притоа, стискајќи „Cancel”, дилемата не е разрешена, и додека не изберете едно или друго, не можете ни да го исклучите компјутерот.
Невалиден цензус
Токму по оваа аналогија, важно е оние кои сметаат дека бојкотирањето успешно ќе им ја расипе забавата на останатите, да знаат дека грешат. Цензусот на кој се надеваат како механизам за растурање на приказната, тешко дека ќе функционира, од повеќе реални причини.

Прво, цензусот не е демократски аршин за ваков вид референдуми. И, да не се расправаме, не, не е. Венецијанската комисија, светскиот авторитет за референдуми, јасно порачува: да се избегнува наметнувањето цензус на одлучувачки референдуми, зашто поради спецификите на референдумското изјаснување, цензусот дозволува малцинството, бојкотирајќи, да не му дозволи на реалното мнозинство да одлучи. Но, чекај, на нашиве токму тоа им е и поентата, нели?
Второ, цензусот не е валиден. Се базира на бројки стари 20 години, без попис, без реална проценка колку луѓе реално живеат во Македонија. Најточните бројки, на Светската банка, и на Државниот завод за статистика, велат дека најмалку 400.000 (четиристотини илјади) граѓани во меѓувреме се иселени, а реалните бројки се најверојатно уште поголеми. Ние сега, треба да се правиме слепи и намерно да ги игнорираме фактите за реалното население, велејќи „ич не ми е гајле до утре сабајле”, само за да го зезнеме мнозинството од присутните, за да не може да се донесе одлука за која очигледно дека мнозинството е „за”. Но, чекај, на нашиве токму тоа им е поентата, нели?

Целата статија ТУКА

loading...