Дац, дедо ми беше македонец и говореше како и јас, Македонски!

АКЦИЈА
loading...

ФБ СТАТУС НА ДРАГАН СПАСОВ ДАЦ

Воената книшка на дедо ми Драган Спасовиќ од 1929 година.

Говореше како и јас, Македонски!

За време на окупацијата од Бугарите беше Спасов, и говореше Македонски.

Татко ми Стево роден во Народна Република Македонија, говореше Македонски.

Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, говорам Македонски.

Првиот син ми е роден во Република Македонија, и говори Македонски.

Вториот син ми е роден во Поранешна Југословенска Република Македонија и говори Македонски.

Дали мислите дека нивните деца ќе говорат друг јазик и нема да бидат Македонци?!

loading...