Димитров: Со десна мавтаа со знамето, а со лева рака цицаа

АКЦИЈА
loading...

ТВ 21

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во вечерашната дебата со Алексанар Николоски на Телма телевизија, рече дека идентитетот не можат да го бранат со тоа што поставиле 100-тина споменици во главниот град.

„Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сакаше да има конфликт, тој да биде големиот бранител иако пустош направи од нашиот идентитет со Аминта. Тие водеа политика, со десна рака мавтаа со државното знаме, а со лева рака цицаа. Во мојата канцеларија во Министерството за надворешни работи каде на балконот секое сабајле има трошки од стиропор. Бев во Битола пред некој ден, има едно кино Манаки кое не е во функција и целото е со дупки бидејќи луѓето можат со прст да влезат, а од другата страна има лим. Не може идентитетот да се гради со 100-тина поставени споменци во главниот град. Идентитетот се гради со убедување, со пријатели со убедување дека и Грција има интерес ова прашање да се надмине“, рече Никола Димитров.

loading...