Апасиев, најкратко и најјасно: Зошто бојкот, а не „против“ (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Извор: 1тв.мк

Тезата дека преговорите за името го засегаат идентитетот и дека името на државата е поврзано со колективната припадност, аналитичарката Катерина Колозова вели дека ја застапувала отсекогаш. Според неа, чувството на припадност не е апстрактно, туку материјално и конкретно, тоа е именувањето, односно било да е „жено“ или „граѓанину“, зборот на кој ќе се свртиме, затоа што човек е сите оние работи на коишто ќе се сврти.

-Договорот е интелигентно срочен затоа што успева да го одвои именувањето на институцијата држава од идентитетските именувања коишто се покриени со членот 7 и делови од членот 1. Тие две нешта, идентитетската интерпелацијата на народот кој останува да се вика македонски и јазикот кој останува да се вика македонски се обезбедени, вели Колозова и додава дека колективната припадност е стварност, која е битна, но и обезбедена со тие провизии и затоа таа го брани Договорот.

Димитар Апасиев од Левица се согласува дека договорот е непознаница, што е грешка на кампањата затоа што на граѓаните не им бил доставен во печатена верзија, а непознаница се и уставните измени што следат. Според него, правно погрешно е дека промената на името отсекогаш го засегала идентитетот, затоа што според Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН, на која се повикува и Договорот во самиот наслов, бара брзо решавање на разликата, а предмет на преговори не се идентитетот, јазикот и културата.

-Тоа што нашите политичари во текот на годините го прифатиле нужното зло и се повеќе ни изгледа дека е нужно, а помалку зло, тоа е нивен проблем. Правно гледано, преговараме само за разликата околу името и тоа брзо решавање, а не 25-27 години. Следно, прекршен е членот 4 од Повелбата на ОН, давани се нови услови за прием, што е правно невозможно. Како е за цел свет, кај нас е плус два, да преговарате и да ве деноминираат, да ве викаат ПЈРМ привремено. И една пресуда, цело време ја забораваме, дури и министерот за надворешни работи беше дел од тимот кој ја доби Грција, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011, која вели дека сегашниот Устав, ваков каков што е, нема иредентизам во него, вели Апасиев и додава дека Грција, која се наоѓала во лузерска позиција, со овој договор добива се.

Апасиев одговара зошто бојкот (негласање), а не гласање „против“ на 44:30 во видеото:

loading...