Ајде да ја направиме Македонија европска земја – дајте оставки!

АКЦИЈА
loading...

Пишува: Дарко Божиноски

Пред неколку дена имав чест да присуствувам на рецепција за денот на независноста на Македонија во Брисел. Рецепцијата се одржа на 24 Септември (16 дена по самиот ден на независност на Република Македонија). Таа разлика претпоставувам се должи на разликата помеѓу Јулијански/Грегоријански календар. Тоа е единственото на кое што помислив додека присуствувам на рецепцијата.
Целта на моето присуство беше: (i) да дознаам како избраните дипломати од МК во ЕУ ја прикажуваат нашата приказна во ЕУ; (ii) дали постои точка во договорот помеѓу Македонија и Грција што не сум успеал да ја разберам, па некој од присутните да ме просветли. На рецепцијата присустуваа голем број на дипломати, но и обични граѓани како мене.
На почетокот на рецепцијата одредена госпоѓа застана на бината и на присутните им ја раскажа приказната за една малечка земја која по долгата политичка диктатура од 11 години успеа да се избори за демократија и живот. Чекав приказната да заврши да видам за која земја се работи, како кога чекаш до крајот на филм да увидеш кој е скриениот лик. Резултатот не ме зачуди премногу. Диктатурата и корупцијата во Македонија со моменталното невладеење на право беше наречено демократија.

Останав да разговарам со млади дечки да видам кои се нивните идеи и аргументи. Голем дел од нив го застапуваа ставот дека договорот е добар и најнормално е да гласаш ЗА. Беа вчудоневидени како може некој што живее во Брисел, да не ги застапува европските вредности што се понудени во договорот и да бојкотира.That is outrageous.

Нивните аргументи се движеа во следниве линии:

1. Не постои подобра алтернатива после 11 години диктатура. Но, доколку сум знаел алтернатива да ја предложам тука.
Како прво, сигурно дека постои алтернатива. Дури и јас, политички неписмен имам неколку идеи. Второ, тоа не е моја работа, јас да предложувам идеи. Тоа е работа на политичарите. Доколку вие не можете да најдете подобро решение, можете да остапите место на тие што можат. Еден мој професор ќе речеше: Колку баба знај, толку баба бај. Не можете вие да кажете дали постои можност за подобар договор. Доколку не можете да дојдете до подобар договор, потребно е да отстапите од позициите за кои е очигледно дека не можете да ги извршувате. Ќе најдеме други дечки. Толку е едноставно.

2. Втората линија на аргументација беше дека иако не се согласувам со договорот, сепак би може да гласам не.

Ќе се обидам да дадам објаснение зошто за мене, но и објективно не постои алтернатива против, меѓутоа само бојкот.

Како прво, јас ова прашање го сметам недостоинствено (ми креирате нов идентитет што претходно не постоел и сакате да ми го наметнете овој за мене туѓ идентитет). Доколку некој ми постави недостоинствено прашање, јас не планирам да дадам никаков одговор, бидејќи со самиот одговор веќе сум се понижил разгледувајќи го.

Ајде да претпоставивме дека не ми смета суштината на ова прашање и дека би сакал да гласам по ова прашање. Навистина не постои никаква друга опција освен бојкот. Вие гласате за Северна Македонија. Така треба да гласи и прашањето. Прашањето во оваа форма е нејасно. Споменувате нешто што може да биде последица од прашањето (влез во ЕУ). Таквото прашање е неконцизно и со самото мое појавување да дадам некаков одговор на ова комплексно прашање ќе има недоразбирање меѓу мене гласачот и тие што го поставуваат прашањето. Не би сакал да има недоразбирање. Кога ќе се постави прашањето во формата во која треба и да биде: Дали сте за промена на уставното име на Македонија во Северна Македонија и прифаќање на договорот со Грција, тогаш би имале и помал број бојкотирачи. Вака, не може, затоа што и Вие што гласате ЗА сте во некоја заблуда и гласате за (ЕВ)РОПСКА МАКЕДОНИЈА (едно од тие двете, ама не сте сигурни).

Да резимирам. За жал, не сметам дека научив нешто ново на овој настан. Овие дечки постојано повторуваат едно па исто дека немаме позиција за подобар договор и дека ова е единствениот пат за ЕУ. Тоа покажува дека луѓето која ја работат оваа работа ги немаат потребните вештини да не застапуваат, па се надевам по овој референдум кој наверојатно ќе биде неуспешен, ќе си поднесат оставка како што е нели нормално во ЕУ земји. Да ја направиме Македонија европска земја, дадете ги потребните оставки.

Фејсбук статус на Дарко Божиноски

loading...