Заев: Тие што не гласаат не се ни бројат (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Ако мнозинството од гласови на референдумот се против тогаш ние ќе го поништиме договорот со Грција, но ако мнозинството се за тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција во Владата, пренесува Фокус

Како што рече Заев мнозинството на граѓаните ќе го дадат патоказот кој потоа Владата, институциите и парламентот ќе го следат.

-Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор. Референдумот како идеја потекнува од ВМРО-ДПМНЕ. Ние се согласувме со ВМРО-ДПМНЕ за речиси се и така ќе постапиме. Јас ќе излезам на 30 и ќе гласам „за“. Треба и другите лидери да го кажат својот став – рече Заев.

loading...