Ванковска: Внимавајте! Собирот на 27ми е намештаљка, им требаат инциденти!

АКЦИЈА
loading...

ВНИМАНИЕ!!! Овие се ФЕЈК! Не излегувајте!, пишува професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил за наводниот народен собир во името на #Бојкотирам најавен за 27ми септември пред Собранието на РМ.

На Бојкотирам не му требаат собири од ваков вид, вели Ванковска, организирани од сомнителни структури, а со намера да се исценираат инциденти.

„Тоа е и денот кога Иванов ќе има историско обраќање во ООН.

Ако наседнеме на овој собир и на удбашките структури кои стојат зад него, тие ќе успеат да создадат страв и одбивност кај мирните граѓани, а се’ со цел да се зголеми излезноста во недела!

Кога би било ова автентично би излегла дури и под закана од употреба на полициска сила – но, ова не е тоа! Се служат со сите (не)дозволени средства, затоа ВНИМАВАЈТЕ!

Бојкотирам е легален и легитимен, ненасилен облик на граѓански отпор, и затоа треба да се чува подалеку од Тројански коњи со руски знамиња, со качулки, со запаллива реторика и омраза кон Другиот. Тоа не сме НИЕ! Ние со нечинење ќе го постигнеме она што го заговараме!“

Во продолжение и дел од коментарите под постот на Ванковска, во кои практично е дообјаснето нејзиното предупредување:

„Баш така, НЕПОТРЕБНО за нас, а ОЧАЈНО ПОТРЕБНО за нив!

1. Токму сега им треба ваков собир, оти се свесни за решеноста на најголемиот дел од народот (во реалните анкети и над 80 %) за – БОЈКОТ!

– САМО ЧУДО или ХАОС ги спасува од тотален крах, а тоа може да дојде преку вакви иссилени и непотребни собири!

2. Собирот може да е мал, а може да е и голем ! И во еден и во друг случај НИШТО не се добива повеќе за БОЈКОТ освен што може да – СЕ ИЗГУБИ ! Особено ако има ајле народ, оти во „ајлето” – ајле пропагандни сценарија се вметнуваат за сета оваа енергија и волја да се пренасочи во сосем друг правец!

– Мораме НЕНАСИЛНО и со „ГАНДИЕВСКИ ПРИСТАП” оти силата која ова ни го прави пермaнентно е голема (ова „квислинзиве” им се толку неспособни што и нејзе и прават проблеми та мора ТАА постојано „да ги вади”, но за да сторат „лошо” – можат !).“

и уште еден коментар:

„Јас веќе од денес, во траење од 7 дена #бојкотирам секакви „збиранки“ организирани од било кого.
Време е на прљави игри, подметнувања и сопнувања.

Штознам, најбезбедно за сите во наредниве 7 дена е да бојкотираат се! Да, тука ги вклучувам и прошетките на ДПМНЕ по градските сокаци.

Најголемата поддршка на Република Македонија овојпат ќе и се даде со … дремење дома, ма нема поубо“

 

loading...