РУСЈАКОВ: Авторитети и манипулации

АКЦИЈА
loading...

Има еден македонски филм во кој европската проститутка Лилит, иако физички здрава, раѓа мртворороденче. Во истиот тој филм, младата Македонка Неда и покрај тоа што е смртно ранета, раѓа здраво бебе. Потоа умира. Симболиката е едноставна, ама длабока и силна. Старата и морално деформирана роспија Европа раѓа мртвороденчиња. Македонија, дури и поробена, прегазена, тероризирана, раѓа живот, твори, создава. Наспроти моќната, изопачена деструктивност, се крева мала, но боженствена креација. Така е во филмот. Така е и денес на терен. Иако, суровата реалност знае често пати да ни покаже дека кај многумина на кои им е дадена боженствената креативност, лесно паѓаат пред изопачената моќ на оросписката деструктивност, па веднаш почнуваат да раѓаат мртвороденчиња. Како режисерот на овој прекрасен македонски филм чија јавна поддршка за ликвидацијата на Македонија и македонскиот народ смрди на распаднатите морални вредности кои раѓаат мртвороденчиња.

Велат, секој има точка на топење или цена за која може да го купите. Не, не е така. Мора човек да биде барем малку алчен или длабоко во себе страшливец за да потклекне или прифати еден од овие два типа притисок. Во оваа последна недела пред референдумот за ликвидација на Македонија пред нос ќе ви истопорат едно чудо авторитети кои ќе ве лажат дека треба да гласата зе европска Македонија. Не паѓајте ниту на нивниот авторитет, ниту на нивните манипулации. Нема да ја видите Македонија во ЕУ, референдумот е за промена на името, за укинување на нашето постоење преку преименување во Северна Македонија и укинување на македонскиот идентитет по кои нема да има членство во унијата најмалку уште десет години. Сè е фарса, манипулација и лага. Зарем мислите дека францускиот претседател Макрон, во својата порака до нас, случајно го прескокна муабетот за членство во ЕУ и се задржа само на промена на името и Уставот? Тој, за разлика од сите оние политички преставници на изопачената моќ кои изминатиов период и прават перверзна реденка на Македонија, веројатно, малку од малку држи до себе, па не сака бесрамно, во очи да нè лаже, оти искажаното останува како запис за идните поколенија. Нема членство за Македонија во ЕУ без разлика дали ќе се самоукине како постоење, ем затоа што унијата е во тешка криза, па не и треба додатен терет, ем затоа што сме корумпирана тендер држава со киднапирано судство, без слобода на говор, каде што владее октроирана тоталитаристичка хунта која половина ден си доделува стипендии за свои деца и роднини, а другата половина се заканува со затвор и прогон на неистомисленици.

Авторитетот престанува да биде авторитет кога безочно лаже. Погледнете како режисерот на гореспоменатиот филм, инаку ремек дело во македонската кинематографија, едвај ја изговара реченицата наменета за пропагандата на изопачената моќ, пропагандата која колку и да е силна раѓа мртвороденчиња. Република Северна Македонија, без Македонци во неа, со избришана историја, култура и традиција, макар и на сила да ја спровдуваат, со терор, криминал, кршење на закон и Устав, преку ширење на страв, паника и злосторства, низ уцени и поткупи, со сета изопачена моќ зад себе, повторно ќе биде мртвороденче. Затоа, јас своето мислење, став и слобода ќе ги искажам преку бојкот, тоа е мое човечко и демократско право, правото да ги бојкотирам мртвороденчињата од менгелеевските експерименти на изопачената моќ.

loading...