НАТО не значи и инвестиции, а Албанија е одличен пример

АКЦИЈА
loading...

Објавено на ОФФ:нет

После 10 годишно членство во Северноатлантската алијанса, Албанија успева да привлече само една десетина од директните странски инвестиции кои доааѓат во регионот. Помалку и од Босна и Херцеговина а неспоредливо со Србија која голта дури 55% од сите пари кои доаѓаат на западен Балкан. Проблемот со високата стапка на луѓе кои ја напуштаат Албанија, башка.

Косово 6%, Црна Гора 8%, Македонија 9%, Албанија 10%, БиХ 12% а Србија 55%. Tака изгледа поделбата на колачот странски инвестиции кои доаѓаат во западен Балкан, пренесува Тирана Тајмс извештаи на ММФ.

Споредувајќи ги шесте држави од западен Балкан кои бројат околу 20 милиони луѓе со 11-те релативно нови земји членки на ЕУ (примени во 2004 и нешто подоцна), ММФ заклучува дека структурата на странските инвестиции е зачудувачки слчна. Со тоа што западен Балкан има нешто повеќе инвестиции во мануфактурата и во ниско-технолошките производства (храна и пијалоци).

„Како и во остатокот од регионот, корупцијата е клучна главоболка на потенцијалните инвеститори во Албанија а негативна улога имаат и неефикасниот судски систем и несредените имотни односи,“ пишува Тирана тајмс.

Во земјата стагнира и продуктивноста.

„Преполовувањето на економскиот раст после кризата покажува забавување и во побарувачката на производи и услуги и во капацитетот на економијата да ги обезбеди тие добра. Нашите студии покажа дека продуктивноста на албанската еконоија – пошироко дефинирана како способнос на економијата да го искористи трудовиот и физичкиот капитал за да генерира резултат – е намалена од 2 на 1 процент,“ вели гувернерот на албанската централна банка.

Според Гент Сејко, главни причини за лошите трендови се високата стапка на миграција и недостатокот на високо-квалификувани али надградени работни вештини.

loading...