Избирачкиот список – стап со два краја

АКЦИЈА
loading...

Од самото негово појавување кон припадниците на движењето Бојкотирам се искажани најразлични видови закани. Една од заканите е дека власта има (ќе има) увид во избирачкиот список (книга) од секое изборно место и откако ќе заврши гласањето на Референдумот ќе ги санкционира сите кои не излегле да гласаат, а особено оние од администрацијата. Меѓутоа, како што вели народната поговорка „стапот има два краја“ и избирачкиот список има „два краја“. Имено, како никогаш досега ќе се знае кој е предавник и кој гласал за промена на името Македонија во Северна Македонија. Структурата на избирачката книга е таква што секој кој гласал биде означен со:

1. Слика (во боја),
2. Име и презиме,
3. Адреса – улица и број,
4. СВОЕРАЧЕН ПОТПИС и
5. како сведоци со потписи, сите члена на Избирачкиот одбор од тоа изборно место.

Когаш-тогаш, ќе дојде време кога некоја друга власт ќе има увид во избирачкиот список (книга) од секое изборно место за Референдумот. На таков начин, когаш-тогаш ќе дојде време кога ќе бидат разоткриени сите предавници на Името. Ќе нема потреба од никаква лустрација и Комисии за утврдување на фактите. Со една фотографија од страницата на книгата со презимето на некоја фамилија ќе се разоткрие Вистината за патриотизмот или предавството на секоја фамилија.
БОЈКОТИРАМ !!!

Од Фејсбук статусот на Богдан Богданов (универзитетски професор на ПМФ)

loading...