Исповед на еден од обвинетите за 27 април: Спречив етничка војна, а ме осудија на 13 години

АКЦИЈА
loading...

Инфомакс

Еден од осудените во случајот со нападот на пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на својот Фејсбук профил се исповедаше за случувањата на тој ден во Собранието. Александар Јаневски попознат под прекарот Тошта запраша зошто и по чив налог тој е осуден на 13 години затворска казна, кога има материјални докази и сведоштва дека тој ги штител пратениците, а не дека ги нападнал.

Имено тој во својот Фејсбук пост истакна дека тој спречил етничка војна во Македонија и спречил да протече река крв во државата, река од крвта на македонскиот и албанскиот народ. За крај Тошта прашува по чија наредба нему му се судело за дело кое не постои, дело за кое се докажало дека тој нема никава вина. Неговите прашања тој ги упати до група на меѓународни и домашни институции кои се занимаваат со ваквата проблематика.

-Ја прашувам јавноста и институциите: Министерството за правда, Судскиот совет на Р. Македонија, Владата на Р. Македонија, ОПСЕ, ГРЕКО, Прибе, Советот на Европа за човекови права, Севетската организација Амнести Интернешнл и Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, за што бев осуден на 13 години затвор за дело кое не сум го сторил во Собранието на 27.04.2017 година, туку сум спречил да нема етничка војна за да не крвари македонскиот и албанскиот народ, а во Македонија да не протече река од крв, но сепак бев осуден, и се поставува прашањето по чија наредба и налог се судеше за дело кое не постои, а се докажа дека се нема никаква вина, вели тој.

loading...