Демиров: Прва цел на Египќаните во Македонија е влез во преамбулата како посебна етничка група

АКЦИЈА
loading...

1тв.мк

Како посебна етничка група која не е формално признаена, за Египќаните прва цела е влез во преамбулата како посебен етникум, вели во разговор за 1ТВ, Бесим Демиров, прв советник Египќанин во градски совет во Македонија.

Како што вели тој, освен формално признавање, нивна цел се и повеќе работни места и достапност до образованието за поквалитетен кадар.

„Само еден факултет не признава како Египќани каде можеме да влеземе во државна квота. Се надевам дека тоа ќе се промени. Од 1991 година се бориме за влез во општинските совети. Никогаш претходно не се случило тоа. Но со борба, покажавме дека нема резултат ако секогаш се трча по други“, вели Демиров.

loading...