Вучиќ: Ќе изнесам докази за брутално мешање на западни земји во изборите во Република Српска

АКЦИЈА
loading...

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека некои држави најбрутално се мешаат во изборите во Република Српска и притоа се закануваат на луѓето.

-Јас ќе почекам да завршат изборите, нема да се мешаме во одлуката на народот на Република Српска, но по изборите ќе покажам фрапантни докази за најбрутално мешање на поедини западни сили во изборите во Република Српска, рече Вучиќ.

Тој додаде дека мешањето оди до таму што амбасадори на западните земји ги повикуваат луѓето од листите на некои партии и им се закануваат дека не смеат да ја променат страната или во спротивно „ќе одговараат за злосторства кои ги направиле но и кои не ги направиле“.

а1он.мк

loading...