Тони Михајловски: Историјата ги слави емотивните одлуки, а мене срцето ми вели да не гласам на 30-ти

АКЦИЈА
loading...

Велиме дека Македонија се сака со срце. Ако е така, тогаш на 30 Септември, овој народ ќе има шанса од срце да одговори, колку и како ја сака Македонија.

Секој од своето срце, и количината и начинот на сакање. Едни се веќе за, и тоа не го кријат што дава, каква таква, доблест. Но не се доволно. Па затоа напомош се викнати белосветски експерти и лидери. Програмирани и “оперирани од срце и душа” кои своите земји не ги сакаат, сега нас не учат како да ја сакаме Македонија. Тие ја викаат вашата земја. Понекогаш додаваат и прекрасна.

И како сега на таквите да им објасниш дека за нас Македонија е нешто повеќе од колку што им е на овие кои се за Северна? Дека Македонија не е само збор, кој може да се промени. Македонија е повеќе од еден збор. Македонија е борба, песна, мисла, здив, мирис, меморија, вистина, слобода, љубов, верба, надеж, непокор, бојкот, револуција, отпор, феникс, сонце, вода, бура, ветер. Ништо од ова, почитувани гости, не може да се сопре, да престане да постои. Така е и со мојата прекрасна земја Македонија. Што се не и направиле во минатото да не постои. И така векови. Па еве не. Десеткувани, од вашите претходници, ама уште сме тука.

Историјата не слави разумни одлуки. Таа слави емотивни одлуки. Одлуки донесени од срце. За жал тоа вие го немате. Да имавте немаше да сакате да уништите нешто толку убаво.
Јас пак цел живот го слушам срцето.

А тоа ми вели дека не треба да гласам на 30.09. И јас ќе го послушам.

Исто како што го послушале сите луѓе низ историјата кои одбиле да ја подржат неправдата.

loading...