Штрахе: Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат дали ЕУ ќе опстане или ќе се распадне

АКЦИЈА
loading...

Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе оцени денеска, по разговорите во Виена со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека изборите за Европскиот парламент идната година, ќе бидат одлука за опстанување или распад на ЕУ.

-Тие избори ќе бидат судбински. Имаме две страни, една која се залага за централистичка ЕУ, како сојузна држава, и друга зад која стојат жестоки Европејци, кои се залагаат за национален идентитет и федерализам. Тоа ќе бидат одлучувачки избори, бидејќи ако сега не го запреме негативниот развој, може да дојде до голема опасност по Унијата, уверен е тој.

Штрахе истакна дека изборите ќе бидат патоказ по кој пат ЕУ ќе оди понатака.

Тој вели дека ги разбира граѓаните кои бараат да заврши власта на Меркел и Макрон, бидејќи не ја сакаат Европа каква што тие ја замислуваат.

Извор: Вечер

loading...