Бошњаковски тврди дека веста за преамбулата е лажна, но многу прашања остануваат неодговорени

АКЦИЈА
loading...

Очекувано, веста објавена на Магазин.мк, според која тие ексклузивно дошле до предлогот за новата преамбула во Уставот, а според која наводно се брише АСНОМ од постоечката и албанскиот народ добива државотворен статус заедно со македонскиот, предизвикува големо внимание. На истата реагира на Твитер и Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на РМ:

„Внимание, шират лажни вести за промените во Уставот – текстот на промените не е дефиниран, тоа е работа на Собранието. Но, едно е јасно, се повикуваме на ОДЛУКИТЕ на АСНОМ за македонската државност. АСНОМ не се брише! Сè друго е лага.

Линк до прес (25:25 во видеото):

На твитот на Бошњаковски, од друга страна, реагираа и од #Бојкотирам. Тие поставија неколку прашања:

• Дали нацрт текстот во 4 уставни амандмани е кај Шкариќ?
• Дали @VMRO_DPMNE и Претседателот Иванов го знаат нацрт текстот на Уставните амандмани?
• Зашто граѓаните не се информирани за Уставни промени пред 30.09.18 за да донесат правилна одлука?

#Бојкотирам лажговци!

loading...