Јовановски: ПОЛНОЌ Е ВО ЕВРОПА – СТУДИ! (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Познатиот македонски актер и  патриот Владо Јовановски, кој се наоѓа во домашен притвор поради настаните во Собранието од 27 април годинава, на својот Фејсбук профил напиша „ПОЛНОЌ Е ВО ЕВРОПА – СТУДИ!“ и го објави неговиот рецитал на „Зандана“.

Ти си внатре, дете, во ембрионот на Европа.

Ноќниот чувар гласно го чита правилникот.

Мракот е светлина, убавината е грда, омразата љуби.

Оваа ноќ на ѕидот од ќелијата ти ќе допишеш: „Слободата е ропство, незнаењето е моќ, законите не значат правда“.

Утрото ноќниот чудар ќе ти се смее со презир.

Лежиш на грб, нема ѕвезди над главата, во главата имаше некој, ама тоа не си ти.

Ти си внатре. Заклучен во системот. Бегање нема, клучот е во тебе.

Затвори ги очите, број до десет, гледај, дете, не заборавај, полноќ е во Европа. Студи.

loading...