Рецепт за млечен тарт кој се топи во уста

АКЦИЈА

Домашно колаче за кое не ви требаат комплицирани состојки и процедури, а во вкусот може да уживате во секој дел од денот.

Млечниот тарт брзо ќе ви стане омилен десерт, посебно ако го искомбинирате со шолја топол чај или кафе. Кремот буквално се топи во уста.

Потребни состојки:

За подлога:

110g брашно
1 лажичка прашок за печиво
50g кафеав шеќер
Малку сол
60g путер

За крем:

500ml млеко
140g кафеав шеќер
2 големи јајца
Малку екстракт од ванила
50g густин
Цимет по желба
Подготовка:
Измешајте го брашното со кафеавиот шеќер, солта и прашокот за печиво. Додајте го ладниот путер сечкан на коцки и замесете тесто. По потреба, додадете 1-2 лажички ладна вода.

Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оладете го околу половина час во фрижидер.

Изладеното тесто растегнете го со сукало и поставете го на дно на тава за печење. Подигнете ги рабовите преку калапот и печете 10-15 минути на 180 степени.

Печената кора изладете ја додека го приготвувате кремот.

400ml од млекото загрејте до точка на вриење. Изматете ги јајцата, шеќерот, густинот и ванилата и додадете ги преостанатите 100ml млеко.

Истурете во зовриеното млеко и мешајте неколку минути додека кремот не се згусне. Изладете до собна температура, па потоа кремот ставете го во кората.

Оставете да се олади во фрижидер неколку часа.

Оладениот тарт посипете го со цимет.

Послужете со кафе или чај и уживајте во комбинацијата од ароми на путер, цимет и млеко.

loading...