2004: „Неуспешен референдум е голем скок кон Европа“ – тври екс-премиерот Владимир Бучковски

АКЦИЈА
loading...

Граѓаните треба да донесат одлука со разум. Не ни требаат емоции и заплашување. Нашата препорака е да не се излезе на гласање. Со тоа ќе направат не еден чекор во место, туку крупен скок кон приближувањето кон НАТО и ЕУ – вели Владо Бучковски.

Вака, пред 14 години, тогашната власт на СДСМ ги повикуваше граѓаните да го бојкотираат референдумот инициран од Светскиот Македонски Конгрес, а во врска со територијалната распределба на локалната самоуправа, со која вештачки се прекројуваа општинските граници со цел формирање на албански енклави низ државата.

Бучковски, на протестот во Струга тогаш, едвај спаси жива глава откако стружани, кои заедно со кичевчани беа најзасегнати од овој референдум го запалија штабот на СДСМ и го демолираа неговото возило.
Брутално беа претепани од полицијата, која со палки, пендреци и гумени куршуми пукаше кон народот.

loading...