Сочни компири со морков и грашок: Вкусен ручек од рерна

АКЦИЈА

Направете вкусна тава деликатес која е одлична за цело семејство. Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

1 кг. млади компири
2 моркови
1 главица кромид
100 гр. домати
2 лажици масло
вегета
сол
магдонос
1 лажица доматно пире
250 мл. врела вода
280 гр. грашок
150 мл. млеко

ПОДГОТОВКА:

Во тава се загрева маслото и се пржи кромидот, заедно со исечениот и излупен домат и морковот на кругови.

Додајте ги компирите сечени на пола, вегета, сол, доматно пире, магдонос, врела вода и крчкајте.

По 15 минути додајте го грашокот, па млеко.

Ставете се во огноотпорен сад и печете на 200 степени 20 минути.

loading...