Традиционален рецепт за Егног

АКЦИЈА
loading...

Егног е популарен пијалак во САД и Канада и многу често се поврзува со зимските празници Божиќ, Нова година и Денот на благодарноста.

Потребни состојки за 8 чаши:

12 јајца
1,5 л млеко
500 мл слатка павлака
500 мл бурбон
300 г шеќер
170 мл коњак
2 лажички мелено морско оревче

Начин на подготовка: Во голем сад со помош на миксер, изматете ги жолчките од јајцата заедно со шеќерот. Матете приближно 10 минути додека смесата не добие боја на путер и убаво не се зацврсти. Малку по малку, пополека во садот додавајте ги бурбонот и коњакот. Откако ќе ги додадете овие две состојки, убаво промешајте, а потоа ставете го садот во фрижидер за смесата убаво да се излади. Не оставајте го садот да стои на ладно повеќе од 6 часа.

Штом ќе ја извадите смесата од фрижидер, во неа додадете ги млекото и една лажичка мелено морско оревче и убаво промешајте. Во посебен сад ставете ја слатката павлака и со миксер на најсилна брзина измешајте ја за да добиете цврст крем. Белките исто така измешајте ги со силна брзина додека не добиете креместа смеса. Откако ќе го сторите ова, измешајте ги заедно со смесата направена од жолчките, а на крајот пополека додадете ја и слатката павлака. Убаво измешајте ги сите состојки заедно и послужете во 8 стаклени чаши. Одозгора декорирајте со мелено морско оревче.

loading...