Марко го запозна Столе и доби дрес од Вардар (ФОТО/ВИДЕО)

АКЦИЈА

На полувреме од средбата меѓу Вардар и Кристијанштад на теренот во СЦ „Јане Сандански“ истрча и малиот херој од Охрид, маратонецот Марко Пејчиноски.

Тој беше на трибините за да го следи дуелот, а му се исполни и големата желба. Успеа да го запознае капитено на Вардар, Стојанче Стоилов, а тој му даде подарок дрес од Вардар.

Марко Пејчиноски е херојот кој успеа со 12 години да го преплива охридското езеро и да им покаже на сите дека и малите можат да постигнуваат големи успеси.

Како изгледаше моментот кога тој го доби дресот од капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов покрај низ фотографиите можете да погледнете и во продолжение во видеото.

loading...