КОЛЕВ: ОВА Е ДПМНЕ- НЕ Е ВМРО!

АКЦИЈА

Порталот Трибуна го побара претседателот на партијата Граѓанско демократска унија, Петар Колев да даде коментар за случувањата во најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ на неколку дена пред референдумот за прифаќање на договорот со Грција. Потсетуваме дека веќе 20 пратеници од опозиционата партија објавија дека нема да гласат за уставни промени, а некои од нив дури јавно искажаа став дека ќе го бојкотираат референдумот. Еве што изјави Петар Колев, како лидер на единствената конзервативна партија во Македонија во врска со овие случувања.

„Мислам дека поделбата на „тврдокорни“ патриоти и ставени под знак прашалник, веќе е факт во редовите на пратеничката група на ДПМНЕ. Не велам ВМРО, бидејќи господата и дамите сместени во удобните пратенички фотељи се многу далеку од припадниците на историската ВМРО. Тоа е ноторен факт, но и друга тема што заслужува повеќе простор и време за дебата. Според мене најголема жртва во овие внатрепартиски превирања ќе бидат обичните членови на партијата. Тие кои досега не пробале од медот, во кој долго време уживаа „избраните“. Токму тоа членство треба да си го постави прашањето по кој пат треба да тргне. Тука веќе не се работи за слепа идеологија. Се работи за разумен избор и повеќе од потребна промена. Јас како лидер на конзервативна партија која делува центар-десно во политичкиот спектар не можам да гледам како една света идеологија се користи за заведувањето на голема маса од луѓе, солиден број од кои едвај преживуваат, за трупање на некакви поени или политички пазарења. Мицкоски ги повика да гласаат на референдумот така како што им кажува совеста, се појави и група функционери кои индиректно го поддржуваат бојкотот. Токму тука се подвлекува линијата и е време за пресметка. Доколку се стигне до ново фактичко делење на партијата, би сакал да прашам: Кое поред „чистење“ ќе биде тоа? Која поред партија со предзнакот ВМРО ќе се појави? Зарем луѓето што веруваат во конзервативната идеологија во Македонија го заслужуваат тоа? Многу прашања, на кои секој десничар и конзервативец треба да си одговори“- порача претседателот на Граѓанско демократска унија Петар Колев во својата изјава дадена ексклузивно за порталот „Трибуна“.

Потсетуваме дека претседателот на Граѓанско демократска унија Петар Колев во својата колумна „Дојде време разделно во ВМРО“ објавена на 5 јули 2017 г. на порталот „Поглед“ го постави круцијалното прашање: „Да почитувани истомисленици, секој еден од нас треба да земе решение на кое ВМРО ќе му служи. Дали на она ВМРО на царот на планината Тодор Александров или она ВМРО на царот на персиските килими и мермер“.

Извор

loading...