Стојков: Мукоски ме спречи да затворам една од вратите …

АКЦИЈА
loading...

Владимир Стојков, вработен како обезбедувач во Собранието вечерва на придолжението на рочиштето за насилствата од 27 април 2017 година тврдеше дека пратеникот Крсто Мукоски не му дозволил вратите од Собранието да останат затворени.

“Тој ден бев задолжен за движењето на претседателот Трајко Вељаноски и претставниците на Владата. Кога заврши седницата Вељаноски ни рече никого да не пуштаме во кабинетот. По извесно време началникот Јанковиќ ни даде насоки доколку дојде до поголема гужва да го евакуираме кабинетот. Во еден момент кога слегувавме долу ги забележав пратениците Сашо Василески и Крсто Мукоски како на 27 април ги забележав пратениците Крсто Мукоски како ги вадат гредите од средната врата на главниот влез во Собранието. Му реков на Мукоски дали знае што прават, што може да се случи тој ми одговори дека тоа не е моја работа. Успеав да вратам една од гредите а другата, Мукоски ја фати од едната страна и не ми дозволи да ја вратам на место”, сведочеше Стојков.

loading...