Граѓаните во главно имаат став за референдумот …

АКЦИЈА
loading...

Реномираниот информативно бизнис портал Фактор.мк спроведе анкета со која ги праша граѓаните: Дали сте доволно информирани за да формирате личен став во врска со референдумот?

На прашањето досега одговорија вкупно 3187 посетители на веб-страната.

Најголем процент од анкетираните (81%) одговорија дека се информирани во врска со референдумот, и дека имаат доволно информации за да изградат сопствен став по ова прашање. Само 10% од анкетираните покажаа индиферентност по ова прашање, сметајќи дека темата не ги интересира.

Од Фактор.мк изјавуваат дека високиот процент на луѓе кои имаат сопствен став, е резултат на инволвираноста на граѓаните во општествените случувања во земјава. Дека тие не се рамнодушни по референдумското прашање, дека имаат став кој го имаат изградено по сопствено убедување, и врз основа на информациите кои ги имаат. Во целиот овој процес чувство на сигурност и доверба обезбедува ДИК државната изборна комисија, која ги спроведе сите неопходни активности со цел да се обезбеди фер и демократки процес на изјаснување по ова прашање.

Од ДИК потенцираат дека гласањето е слободно и тајно, право на глас има секој полнолетен државјанин на Република Македонија што е запишан во избирачкиот список.

loading...