Земјо македонска, укинувам те!

АКЦИЈА

СЕВЕРНО ОД УМОТ со АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ

Зошто сте тука, ги прашува новинарот оние луѓе кои излегуваат од огромниот број автобуси донесени од цела Македонија, за да присуствуваат на маршот за промена на името во Северна Македонија. Тука сме за Заев, одговараат едни, тука сме за заедничка Македо… за европска Македонија, грешат други. Да не сте тука за промена на името, ги прашува новинарот. Нема да има промена на името, му одговараат обожавателите на Заев.

И како човек да не одлепи по вакво нешто? Ти доаѓа да си ставиш гаќи на глава, чепкалки за уши во нос и да зајодлаш некоја алпска пасторала. Македонија сосема се преврте наопаку. Лудолото е нормално. Нормалното се третира како безумност. Доаѓа да поддржи промена на име, а ти вели,нема промена на име. Ај ќе си речеш, кутри изманипулирани северни црпки, ама што да каже човек за безумноста на оние кои демек држат до сопствениот идеал.

Гиш ја запеа „Земјо македонска укинувам те“. Владо Јавенвски сега ќе треба да краде руски песни за да ни пее глупи европски муабети по црпнати пропагандни кампањи. Ене го и Нино Тодовор, „убиецот на Тамара“ според шарените хистерици, сега може слободно да тверка со Тамара и Тијана за да поддржи Северна Македонија. Чекам да видам спот каде владиката Пимен благословува НАТО тенкови. Онака, им пее, ги благословува, па ја залапува цевката ко Заев што го залапа пенкалото на Столтенберг. Зафир Хаџиманов кај и да е ќе викне „Како Вардар ќе дотечам, за Северна Македонија ќе ве отечам“. Бубо Каров, Дарко Панчев, Наумче Мојсовски, Жан Митрев, сите станаа европски северноцрпнати граѓани на Република Северна Македонија. Нормалниот Македонец се прашува кој е следниот северноцрпнат што ќе му се посере на макдонското постоење за шака долари?

Како што се прашуваме која ќе биде следната белосветска политичка будала која ќе ги лаже и ќе им се заканува на Македонците? Курц, Меркел, Хан, Могерини, Бесното куче Матис, Робертсон, Буш Помладиот… Штом Буш се јави, безумноста е потврдена. Фали уште Брејвик да ни го истопорат за да нè убедува дека ако не влеземе во ЕУ како неговата Норвешка сите до еден ќе станеме убијци каков што е тој. Натаму фаќа сета оваа безумност срушена врз нас.

Ете, и Орце Камчев се истопори. Мртов ладен ни кажа дека и тој би го потпишал истиот договор со Грците. Како да го прашавме што има да каже. Камчев, Никола Тодоров, Амди Бајрам… е ова шарените хистерици не можеа да го издржат. Да не беше Македонија доведена до ликвидација може и сеир ќе им фаќав.

Пола од фаците на Грујо излегоа северноцрпнати. Глупердине што хистеришеа „Каде се парите?“ сега можат уз кафе да си ги прашаат. Јас со години им пишував дека изопачената светска моќ на која и слугуваат не го руши Груевски, туку македонската држава. Ме правеа лудак, идиот, платеник кој не знам колку пари земал. Што не е вистина, ама платениците и полтроните, за секој што има идеал, мислат дека е платеник и полтрон како нив.

Ај што ги превеслаа еднаш, па сега ќе мораат рамо до рамо да стојат со оние кои до вчера ги мразеа и тоа за да викаат ЗА северноцрпната Македонја, јас ви гарантирам дека и со ЕУ фарсава ќе ги превеслаат. Ќе лажат народ за не знам какви привилегии од ЕУ, а ние таму нема да влиземе, сеедно што ќе се самукинеме. Сега, откако ќе го прочитаат ова, можат од хистеричен очај да ми кажат „ама ти што зема 300, 500, 700.000 евра“ и да продолжат да се препелкаат во сопствената духовна сиромаштија.

loading...