Шилегов со снимка ги убедуваше станарите од каде доаѓа миризбата …

АКЦИЈА
loading...

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потврди дека миризбата во зградата во Аеродром e oд мноштво користени пелени во станот со број 11. Според него, граѓаните по дезинфекцијата, по шест часа поминати надвор можат да се вратат дома. Во посочениот стан со број 11 живееле две жени од кои едната е 90-годишна. Еден од станарите, е убеден дека тоа не е единствената причина за миризбата.

Фото: Макфакс

„Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени. Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација“, рече градоначалникот Шилегов.

Станарот тврди дека специјалци со гас-маска ја ваделе неговата внука од домот. „Нека утврдат стручни лица, за да се види што е. Син ми кашла. Како може да е од амонијакот?“, го праша тој градоначалникот Шилегов.

loading...